Наместо да ги импресионира, таа ги згрози - погледнете за што и замерија нејзините следбеници

 
Фитнес тренерка од Австралија толку многу е опседната со својот изглед па дури го заборавила и здравјето на нејзиното самошто родено бебе. Таа сакала да ги импресионира нејзините следбеници на Инстаграм со својот изглед но наишла на коментари кои ја осудуваат.
 
 Коментарите биле, "Загрижен сум за тоа како го држиш своето дете", "О мој Боже, јадно бебе", "Држи го своето дете како што треба, тоа е поважно од селфито", но таа се бранела со коментар дека "Бебето знае само да си ја држи главата". Со тоа експертите не би се согласиле, бидејќи потребно е одредено време да се придржува главата на бебето се додека не им зајакнат вратните мускули. Дури тогаш тие може главата да си ја држат самите.
 
 
Инаку, на Инстаграм ја следат повеќе од 477.000 луѓе. Со нив го споделувала секој момент од бременоста, упорноста, вежбањето, изгледот на нејзиното тело. Тренирала секој ден и по осмиот месец во бременоста. Во бременоста ја зголемила килажата за 10 килограми, а стомачните мускули и се оцртувале до самото породување. Рекла дека нејзиното ниво на енергија е исто како и дека секојдневно бременоста ја зачинува со секс.
 
 
13.04.2016 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега