Македонскиот пејач ги трогна фановите: „Го изгубив мојот идол, сега имам ангел чувар"
Панчо од ДНК сподели статус за својата мајка која веќе ја нема до него две години. Тој ја изрази својата љубов и ги трогна фановите.
„На денешен ден пред точно 2 години го изгубив мојот идол и единствен човек од кого добивав неизмерна љубов и безрезервна поддршка . Сега имам вечен ангел чувар ….. Фала ти за се 
Уште еден ден
Тивка вечер чисто небо и чудна светлина
од секаде ја осеќам твојата енергија
ѕвезда мала гледам паѓа
со твојот лик и насмевка
стојам тажен сам и празен те нема неверувам …..
Да бидеш уште еден ден крај мене
да можам би го вратил цело време
тебе да те гледам да те слушам
да ме допреш да ми згрееш душаа ….“

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








