Осамена баба немала никој да и честита роденден, а потоа нејзината приказна стигнала до Фејсбук...

 

Баба Јелена од Борча во Србија пред неколку дена наполнила 85 години.

Живее сама. Ја притиска староста. Со време честитките биле поретки, а на крај престанале. Не мислела дека некој ќе ги го честита роденденот. А, потоа на старост ја сфатила моќта на интернетот.

Баба Јелена нема деца, а нема ни Фејсбук. Сепак, без да знае, станала ѕвезда на балканскиот интернет.

Од Фејсбук страницата „Ljepote zavičajne i na selu“, пишува 24sata, и рекле на бабата дека ќе ја фотографираат и сликите ќе ги постават на интернет за нејзиниот роденден. Скромниот одговор на старицата бил: „Сликајте ме вие мене, но кој ќе ми честита роденден на старост?“

Па, бабо, ни помалку ни повеќе 50.000 луѓе!

Бабата станала вистинска интернет сензација, а честитките се множат...

 

 
 
08.04.2016 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега