Потресна животна приказна: Играл со Зидан, бил одличен фудбалер, почина од преладување како бездомник

 

Тажната судбина на сенегалскиот фудбалер Жоакин Фернандез ги расплака сите љубители на фубалот ширум светот.

Фернандез беше дел од славната генерација на Бордо, која ја предводеше Зинедин Зидан, генерација која во 1996 играше во финалето на Купот на УЕФА.

Сенегалецот бил познат по својот бурен темперамент, но бил и сјаен фудбалер исто.

Играл и за Каен, а италијанскиот стратег Алберто Закерони го одведе во Италија. Таму играше за Монца, Удинезе, Милан и во меѓувреме во француски Тулуз. Од Милан замина во Данди Јунајтед во Шкотска, а кариерата ја заврши во Индонезија пред 30-тата година поради повреди.

Имал доста проблеми во приватниот живот. Се развел, не му било дозволено да ги гледа своите деца. Имал големо семејство во Сенегал, на кои им ги праќал сите свои пари. Неколку години поминал и во затвор.

Неговата тажна приказна завршува во околината на Париз, како бездомник. Никој не знаел дека бил успешен фудбалер. Во јануари е пронајден мртов во еден хангар. Умрел од преладување, неговото тело е пронајдено неколку недели после смртта.

 
 
08.04.2016 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега