НЕВЕРОЈАТНО: Невин лежел во затвор 33 години - тврделе дека е убиец и силувач

60 годишниот Кеит Ален Харвард тврдел дека е невин и дека не одговара на описот кој го дале сведоците. Тој е пуштен минатиот петок после судската одлука. ДНК тестот го ослободил. Тој во невин бил во затвор цели 33 години.
Во 1982 година Харвард е осуден за убиството на Џеси Перон со метална шипка и силување на неговата сопруга додека нивните три деца спиеле, пишува NBCNews.

Тогаш е утврдено дека угризот на жената се поклопува со забите на Харвард. Но ДНК анализата докажува дека виновен за ова е Џери Кроти, кој бил морнал исто како Харвард и негов колега. Кроти починал во 2006 година додека служел казна затвор за киднапирање и кражба. Харвард тврдел дека не е крив и дека не одговара на описот на убиецот кој го дале сведоците.
САД во 2015 ослободија 149 луѓе кои биле осудени невини. Секој од нив во просек бил во затвор 14 и пол години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









