Познатата актерка ја сподели најубавата вест

 

Познатата актерка Ен Хатавеј се породила во Лос Анџелес на 24 март и на свет донесе здраво машко дете, а нејзиниот сопруг Адам Шулман и она оваа убава вест ја соопштија синоќа.

Извор близок до популарната двојка истакнува, дека тие биле многу возбудени поради својот син, како и дека уживаат со него во кругот на блиските пријатели и семејството.

Ен во неколку интервјуа претходно изјавуваше дека едвај чека да стане мајка и дека сака еден ден да има големо семејство.

Говорејќи за децата, додаде дека не прави разлика меѓу биолошките и посвоените деца и дека еден ден би се одлучила и на тој чекор.

 
 
08.04.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега