Телефонски разговор на Заев со Могерини
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера телефонски разговарал со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и го повторил ставот на партијата дека рамката дефинирана со договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава, се вели во соопштението од СДСМ.
- На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци.Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби, се додава во соопштението.
На оваа тема, како што информираат од СДСМ, ќе се дебатира и на денешниот состанок со коалициските партнери и предлогот на СДСМ ќе биде тоа учество да продолжи за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа