Лола Новаковиќ испратена во „вечниот дом“ со песна

 

На Новите гробишта во Белград вчера беше погребана една од најголемите музички ѕвезди во поранешна Југославија во 60-те и 70-те години на минатиот век, Лола Новаковиќ.

lola novakovic

Музичката дива, која многумина ја помнат и како голема дама, почина во неделата во Белград во 81-та година од животот.

Како претставничка на Југославија во 1962 година со песната „Не пали ги светлата во самракот“, таа го освои четврто место на Изборот за песна на Евровизија.

И покрај некогашмата голена слава, на нејзиниот погреб присуствуваа само 50-тина пријатели и соработници, кои во „вечниот дом“ ја испратија со звуците на нејзиниот најголем хит „Кап весеља“.

 
 
07.04.2016 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега