Барате идеја за име? Овие 12 имиња значат „убав/а“

 

Овие интересни и оригинални имиња имаат едно исто значење- убав/а.

1. Розалинда – Во преносно значење е „убава ружа“. Вилијам Шекспир е виновникот зашто ова е популарно, поради хероината Розалинда во неговото дело „Како ви се допаѓа?

2. Меи – преслатко кинеско име кое врвот на популарноста го доживеа во 80-те години на минатиот век.

3. Ромео – популарно италијанско име кое означува привлечна и страствена машка личнност. Викторија Бекам на својот втор син му го даде името Ромео и оттогаш тоа има повторно стана популарно во Британија.

4. Јамила – женска форма на Јамил кој на арапски и свахили значи „убав“.

5. Адонис – според грчката митологија Адонис бил преубав млад пастир вљубен во божицата Афродита. Денес со ова име се врзува дефиницијата за машката убавина.

6. Калиста – во преносна смила значи „најубава“.

7. Жоли – француско име кое буквално значи „убав (а)“. Според нумерологијата, луѓето со ова име се вистински хуманитарци и сакаат да работат за други за да се постигне мир.

8. Венус (Венера) – според римската митологија Венера била божица на убавината и љубовта.

9. Бо – машко популарно име во САД и води француско потекло значи „убав“.

10. Арабела – многу родители за своите девојчиња сакаат поинаква варијанта од честото име Изабела, а всушност Арабела е еден од најпопуларните алтернативи.

11. Кенет – во Шкотска и Ирска ова машко има значење „убав и создаден од пламен“.

12. Бони – шкотско име со француско потекло се врати на сцената благодарејќи на филмот „Однесено со виорот“ во кој легендарните ликови Скарлет и Рит на својата ќерка и го даваат прекарот Бони.

 
 
06.04.2016 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега