Жестока кавга во Гранд: "Песните на Карлеуша се рецитираат, не ти треба глас!"

Ана Бекута повторно жестоко се скара со својата колешка и член на жирито на Гранд, Јелена Карлеуша, која нема влакна на јазикот и речиси секогаш е многу строга, па дури и навредлива кон натпреварувачите. Полемиката настана откако натпреварувачката во музичкото шоу Милица Поповиќ отпеа песна токму од Карлеуша.
Ана искоментира дека за таа песна и онака не е потребно пеење туку рецитирање, за што Јелена се налути.
- Во првата песна беше прекрасна, не знам зашто ваква интерпретација на песната на Карлеуша. Тоа е повеќе песна која се рецитира, отколку што се пее, рече Ана, на што Карлеуша бесна и одговори: - Тоа е позната мелодија од Таркан и е многу тешка за пеење, не е едноставна како што изгледа.
![]()
Босанац од друга страна рече: - Душо моја, кај тебе има глас, и песната не е лоша но кога ја изведува Таркан а не некој друг. Како ја слушаше така ја пееше, рече тој.
Карлеуша им се налути на колегите за критиките, иако е позната како жена која секогаш дава критики.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









