Маја Оџаклиевска пријавила насилство, па испаднала виновна што се меша

Пејачката Маја Оџаклиевска раскажа шокантел детаљ кој никого не остави рамнодушен.
Имено, како што кажа, таа пријавила во полиција дека нејзината соседка е злоставувана од нејзиниот маж. Полицајците излегле на лице место, направиле записник и си заминале, а тортурата по неколку дена продолжила.
- Државата мора да реагира, Мора да му се застане на патот на семејното насилство, кое стана секојдневие. Јас еднаш пријав случај во полиција. Ја слушнав соседката како вика помош и веднаш ја повикав полицијата, која дојде, направи записник и си отиде.
По неколку дена, соседката повторно помина низ истото, а јас сум виновна што се мешав во туѓи проблеми. Верувајте, јас сум некој кој не останува слеп на такво нешто и не се плашам тоа да го пријавам. Жените не смеат да трпат и да молчат, рекла Маја во емисијата „Магазин ин“ на тема насилство над жените. Инаку, Оџаклиевска откри дека причината за нејзиниот развод била љубомората на нејзиниот маж, која таа не сакала да ја трпи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








