Целиот Балкан плачеше поради овие музички ѕвезди - болката и тагата ги соедини екс југословенските држави
Прераното заминување на Тоше Проески, Ксенија Пајчин, Луис и Дарко Радовановиќ ја одбележа оваа деценија.

Тоше Проески
- Македонскиот пејач кого го обожаваа во сите екс југословенски републики загина во сообраќајна несреќа во 2007 година во Хрватска, кога неговиот возач поради замор заспа и се заби во камионот пред себе. Тоше седеше на сувозачкото место и настрада на лице место. Македонската Влада прогласи веднаш Ден на жалост, училиштата во Македонија не работеа, а беше прекината и работата во Собранието. Тоше поради неговиот прекрасен глас и неговата хуманост го обожаваа сите.
Ксенија Пајчин

- Една од најубавите девојки кои некогаш се појавиле на српската сцена беше фатална за многумина мажи. Врската со црногорскиот манекен Филип Каписода исто така беше бурна, раскинуваа и се смируваа неколку пати. Иако во повеќе наврати се слушаше дека Филип бил многу љубоморен, парот сепак остана во врска. Веќе неколку дена пред убиството тој март 2010 годин, почнала расправијата меѓу нив двајца бидејќи пејачката ја снимила емсиијата за Пинк Тв под името „ Нема ништо да сокријам“. Во таа емисија познатата личност треба да помине извесно време со еден од обожавателите. После снимањето Филип збеснал од љубомора. Отишол во станот на Ксенија Пајчин и ја скршил вратата. Се степале, соседите викнале полиција. Тогаш ги раздвоиле. Два дена подоцна, Филип прво и пукал во Ксенија и ја убил на лице место, а потоа извршил самоубиство. Така трагично заврши живото за женската икона на 90-тите.
Љубиша Стојанович -Луис

- И овој пејач враќајќи се уморен од концерт, веројатно заспал над воланот, кај Нови Сад свртел и влетал директно во автомобил кој се движел во спротивен правец. Луис загина на лице место, а сите останатите патници биле повредени. Пејачот зад себе остави шест деца од двата брака.

-Пејачот Дарко Радовановиќ (36) и неговиот менаџер Александар Милошевиќ загинаа во 2011 година во тешка сообраќајна несреќа во Сурчин. Несреќата се случила кога се судриле два автомобили со амрка мерцедес, а од силните удари, автомобилот на пејачот слетнал под шлепер и така Дарко радовановиќ настрада на лице место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








