Конечно се дозна: Лила откри како изгледа банкарот во „Се или нешто"


Популарниот квиз „Се или нешто“ се емитува цели пет години на Сител телевизија и до сега никој го нема видено банкарот. Во најновото издание на „Се или нешто“, во играта на кандидатот Бобан Велков од Скопје, банкарот се опушти да каже нешто повеќе за себе, па призна дека е ќелав. Откако кажа дека е ќелав, повторно заѕвоне и откри дека носи и шешир.
Ова е прв пат банкарот да открие нешто повеќе за себе.
Извор: Вистина
05.04.2016 - 09:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









