Совети за оставените девојки: Еве како да го вратите своето поранешно момче

 

Враќањето кај поранешното момче не е нешто што секогаш се препорачува, но ако цврсто сте одлучите и сфатиле дека е вреден за борба, пробајте со помош на овие совети.

Дајте му време

Иако трпението е веројатно при крај и советот „Дајте му малку време“ звучи најлошо што некогаш сте добиле, искуствата покажуваат дека на вашиот сакан баш тоа му треба. Ако неодамна сте прекинале, пуштете го да дише и размислете колку му недостигате. Како иначе би сфатиле дека прекинувањето е грешка и дека му недостасувате ако му бидете секогаш достапни?

Работете на себе (можеби проблемот е навистина во вас)

Ако сакате да го вратите зарем не е најдобро и најпаметно да го вратите кај нова, подобра верзија од себе? Работете на себе, прочитајте книги за кои порано сте немале време. Различни психолошки наслови и мотивациски книги можат да ве спасат од депресија и да бидат одлична потпора во тешките моменти. Наместо превише време да потрошите размислувајќи околу господинот поранешен, почнете да размислувате за себе.

Размислете дали навистина ви е потребен

Дали навистина сте компатибилни и има ли воопшто смисла да му се враќате? Додека работите се сеуште свежи и додека срцето ви е скршено на илјада делови, единство што сакате е повторно да го залечите. Во тие моменти не носете одлуки. Со ладна глава размислете дали навистина е добар избор за вас.

Преземете иницијатива

Ако мислите дека ќе ги чита вашите знаци, постовите на фејсбук или да ги тумачи вашите фотографии и поради тоа да ви се врати, се лажете. Ако навистина сте заклучиле дека не можете и не сакате без него, кажете му го тоа. Не чекајте на негов прв чекор, веќе сама направете го.

 

 

 

 
 
04.04.2016 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега