Пејачката конечно призна зошто се разведе од сопругот

Неда Украден, познатата пејачка, конечно си ја отвори душата и прозборе зошто се развела од својот сопруг.
- Се разведов поради љубомора и константно префрлање. Она што не спојуваше беше работата. Се што на почетокот го привлече, подоцна почна да му пречи. Мажите мислат дека жените се нивна сопственост. Ни бракот ни децата не смеат да бидат причина за толеранција на злото, вели Неда.
Пејачката додава и дека никој не смее да трпи без разлика на причините: - „Немам пари, немам завршено факултет и тој сега ме тепа“. Не е вистина, побарај работа, еве 600 евра и давав на жената која ја чуваше мајка ми. Чувај деца, дома си, прави нешто. Ма има начини. Не тоа дека не се може, туку треба да се смени генот дека мора да се трпи, што ќе кажат комшиите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









