Ѓоша распали по Владо Георгиев: Тој е провинцијалец кој се обидува да биде урбан
Богољуб Митиќ Ѓоша ја доведе публиката до солзи во четвртата емисија од хуманитарната шоу програма „Твоето име звучи познато“ имитрајќи ја Северина. Меѓутоа неговиот настап не му се допадна на Владо Герогиев, па и Ѓоша искоментира што мисли за него.

-Не ме навреди неговиот коментар, затоа што тој исто како и јас е од провинција, а се обидува да биде урбан. И тоа е во ред, секој има право на свое мислење. Мене ме шиканираа на РТС, Гранд, Пинк, а кога ќе им падне рејтингот тогаш ме викаат и ме молат со мојот хумор да им ја кренам гледаноста. Владо не е ниту прв ниту последен кој се обидува да го шиканира мојот лик и делот – изјавил Ѓоша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









