ВМРО-ДПМНЕ: Од првиот момент поддржуваме проверка на сите два милиони жители
ВМРО-ДПМНЕ од првиот момент поддржуваше проверка и на сите два милиони жители, бидејќи СДСМ ќе добиеше два милиони одговори зошто граѓаните не ги поддржуваат нивните манипулации, се наведува во реакцијата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Во реакцијата се истакнува дека СДСМ еден ден откако била објавена листата на т.н. неконзистентни или „фантомски“ гласачи, барала списокот да не биде јавно достапен.
– Само еден ден откако беше објавена фамозната листа на „фантомските гласачи“ и на најтврдокорните поддржувачи на СДСМ им стана јасно она што одамна го знаат и малите деца: нема фантомски гласачи и нема изговори за СДСМ ниту за досегашните порази на изборите, ниту за бегање од претстојните избори, нивно одложување или непризнавање на резултатите, вели ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, се наведува во реакцијата, ќе мора да се соочи со вољата на граѓаните на Република Македонија и по десетти пат да биде казнет за сите лаги и манипулации со кои ја замајуваше јавноста дека некој друг им бил виновен затоа што не доаѓале на власт.
– На 5-ти јуни СДСМ ќе се соочи со граѓаните и ќе дознае уште еднаш зошто е 10 години во опозиција, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа