Дали Катица Јанева утре ќе дојде во Собранието на Република Македонија?

 

По денешното појавување на Катица Јанева во Советот на јавни обвинители каде таа требаше да даде образложение за тоа од каде ја црпи надлежноста за предметите „Маџар Телеком“ и „Верушевски“, како што дознаваме од Собранието на Република Македонија, тие очекуваат Катица Јанева да се појави на утрешната 68-ма седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, каде што таа ќе треба да го образложи Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство.

katicajaneva-sjo

Иако Катица Јанева извештајот за работата на СЈО до Собранието го достави пред точно 15 дена, сепак таа не ја испочитува својата законска и уставна обврска и досега не се појави на ниту една закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во пресрет на утрешната седница на Комисијата за политички систем, од Собранието на Република Македонија очекуваат Катица Јанева конечно да одговори на поканата, да го испочитува законодавниот дом како институција и да се појави пред пратениците и македонската јавност за да даде одговори што и како сработило Специјалното јавно обвинителство за изминативе шест месеци.

 
 
30.03.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега