Супермоделот откри: Имам рак на дојка, но не ме сожалувајте!

Супермоделот Џенис Дикинсон ги преживува најлошите денови од својот живот. Во емотивено интервју открива дека има рак на дојка.
- Многу ми е тешко да го кажам ова, но дијагностициран ми е рак на дојка, откри 61-годишната Џенис за Дејли Меил.
Во почетокот на март посетила доктор поради стомачни проблеми, а после прегледот дознала дека има тумор во големина на грашок на десната дојка.
- Докторот веднаш примети, рече дека нешто не е во ред и дека мораме да провериме за што станува збор, изјави таа.

Три дена после посетата на доктор, отишла во болница на мамограф. После 24 часа ја дознала ужасната вест.
- Мојата 22-годишна ќерка и јас бевме на шопинг кога докторот ми е јави и ми рече дека резултатите се позитивни и дека имам рак, откри Џенис.
Џенис во овие тешки моменти се потпира на подршката на семејството и се труди да биде позитивна. Во наредните денови ќе направи операција, а иако не знае што ќе донесе иднината, се надева дека резултатот нема да биде катастрофален.
- Не ме сожалувајте. Јас сум Џенис Дикинсон и ќе бидам тука уште долго, долго време, изјави Дикинсон.
29.03.2016 - 22:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









