Две бебиња се родени на ист ден во исто време, но погледнете чии се!

 
Мет и неговиот постар брат Стив живеат во Њујорк, а еден од друг се оддалечени околу 80 километри. И двајцата се во брак и двајцата станале татковци, ист ден, во исто време. На нивните сопруги, водењакот им пукнал во исто време. Двајцата браќа во паника истовремено ги однеле во болница.
 
Кој стигнал прв во болница се покажало како неважно, бидејќи нивните деца се родиле во исто време, но во различни болници.
 
- Ние стигнавме петнаесет до пет. Не ни помислив дека ќе се породи до другиот ден, изјавил Стив.
- Ние во болница стигнавме еден час подоцна, а Касиди се роди во 18 часот и 53 минути, се пофалил Мет, кој на својот брат му пратил порака дека девојчето е родено. Веднаш потоа неговиот брат му пратил фотографија од малиот Бенџамин, синот на Стив, кој се родил во исто време но во друга болница.
 
Касиди и Бенџамин, братучедка и братучед, се родени точно во 18 часот и 53 минути, ист ден во различни болници.
Мајките често се шегувале дека нивните деца ќе се родат во ист ден, но никогаш не помислиле дека навистина може тоа да се случи.
 
- Тоа е последица на братското ривалство. Се натпреварувавме кој прв ќе стане татко, а на крајот резултатот е нерешено, изјавил Стив.
 
 
29.03.2016 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега