ВМРО-ДПМНЕ: Настапот со политички конструкции на Јанева е директен доказ за очајот во кој се наоѓа Заев и СДСМ

 

Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денешниот политички настап на Катица Јанева е најдобра потврда дека Зоран Заев и СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации. Сосема е очекувано дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да го нуди тоа што најдобро го умее, деструкција, манипулации и продуцирање на кризи. За разлика од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ продолжува со одговорно и отчетно работење во полза на граѓаните, стои во соопштението на владејачката партија.

Додека СДСМ се обидува да продуцира лажни афери и манипулации, се додава во соопштението, ВМРО ДПМНЕ отвори над 150 илјади нови работни места, реконструираше 400 училишта, изгради нови 74 училишта, ги зголеми  најниските пензии за 90%, социјална помош ја зголеми во просек за 61%, просечната  плата е зголемена за речиси 70%, реконструирани и изградени се 369 локални патишта.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е само дел од вкупно реализираните 3500 проекти зад кои стои партијата, додека СДСМ се занимава со подземна политика.

 
 
28.03.2016 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега