Полубратот на Адел: На сестра ми две години не сум и рекол ниту „Хелоу“

Полубратот на Адел признава дека воопшто не разговарал со неговата сестра во последните две години.
Камерон О'Саливан и Адел го имаат истиот татко Мaрк Еванс, но нивните животи не би можеле да бидат поразлични.
Додека Адел поседува имоти во Сасекс и Лондон што вредат над 10 милиони фунти, Камерон живее со неговата мајка Шиобан во куќа вредна околу 150.000 фунти во малото гратче Лантвит Мејџор во Јужен Велс.

И додека неговата 27-годишна сестра патува со приватен авион околу светот, рагбистот Камерон (20) секојдневно се вози по 45 минути си воз за да стигне во Кардиф каде студира спортска медицина.
– Тешко е затоа што речиси никогаш не се гледаме. Не сме блиски и тоа е најтешко. Навистина сум близок со мајка и’ Пени, но тоа е тоа. Постојано контактирам со Пени по телефон, но речиси и да не говорам со Адел. Нема ништо таму, таа е толку зафатена и ние не сме блиски. Не сум разговарал со неа некое време, вели тој за британски „Сан“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








