ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја поништи ДИК

Интегрален текс од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Зоран Заев е главниот инспиратот на црното сценарио за фантомизација на цела Македонија, кое вчера се обидоа да го спроведат медиумите на СОРОС и СДСМ.
Со денешната изјава Заев потврди дека медиумите под негова контрола два дена оркестрирано шират невистини и ја манипулираат македонската јавност околу бројот на лица кои СДСМ ги прогласи за т.н. фантоми.
Зоран Заев денес предизвика уште еден скандал. Со неговата изјава, ја поништи Државната изборна комисија и си зеде за право да одлучува и да говори во нејзино име. Наместо ДИК, Зоран Заев зборуваше кои граѓани треба да бидат прогласени за спорни, кои треба да се прогласат за фантоми, па дури и за тоа кои граѓани треба да се избришат од избирачкиот список.
ДИК е таа што носи одлуки околу прочистувањето на избирачкиот список, а не Зоран Заев. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на лагите и фабрикувањата кои ќе ги лиферува СДСМ и нивните медиуми, бидејќи нивната крајна цел е провидна да создадат хаос и тензии во кои единствено знаат да функционираат.
Зоран Заев е срам за Република Македонија. Граѓаните ваквото негово неодговорно и несериозно однесување ќе го казнат на изборите на 5 јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









