АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ 37,9% - СДСМ 16,1%

37,9% од граѓаните Македонци ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, покажува последната анкета на институтот Павел Шатев. Според неа, на изборите на 5 јуни за СДСМ ќе гласаат 16,1% од анкетираните.

За ниту една од овие партии нема да гласаат скоро 27% од граѓаните, 3,8% ќе гласаат за друга партија а се уште не знаат или немаат одговор 15,3% од анкетираните.

Меѓу политичките лидери претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски нема конкуренција. Во него веруваат повеќе од половина од анкетираните граѓаните или 52,3%. Во Заев доверба имаат 19,1% од анкетираните.
Во периодот помеѓу 13 и 15 Март 2016 година, Институтот Павел Шатев спроведе телефонска анкета со која беа опфатени 1.075 испитаници, со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Со оглед дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








