ВИДЕО: Сите му се смееле бидејќи имал долга коса, но приказната на Кристијан ќе ве инспирира!

 

 

Ова е неверојатна приказна за едно момче од Флорида, кое имало многу проблеми и сите му се смееле – а тоа сакало само една работа!

Поттикнат од телевизиски прилог, момчето се одлучило на една многу тешка одлука во својот живот!

Шестгодишното момче се одлучило да ја пушти косата, за подоцна да може да донира на деца заболени од рак. Две и пол години, Кристијан ја пуштал косата, а на училиште често се шегувале со него дека личи на девојче.

-Некои деца ми велеа дека личам на девојче, поради што не се чувствував убаво, – изјавил Кристијан.

Меѓутоа, тоа не го спречило во неговата намера, и на крајот ја донирал косата во организацијата „ Деца без коса“.

Тој  ја донирал косата во организацијата која се занимава со изработка на перики за деца кои ја изгубиле својата коса поради хемотерапија.

Погледнете го видеото.

 
 
17.03.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега