Шакира, Ди Каприо, Џони Деп...- Кои други светски ѕвезди имаат свој остров?

Не е никакво изненадување кога познатите личности поседуваат одличен автомобил или купат некоја голема и гламурозна вила, но делува малку необично, кога во нивниот имот ќе најде приватен остров. Погледнете кои големи ѕвезди имаат можност да уживаат во овој луксуз
Џони Деп: Познатиот глумец на Карибите има остров од 45 хектари, на кој ужива во приватноста.
Шакира: Пејачката и соосновачот на бендот Пинк Флојд наводно во 2011 година, купиле остров северно од Бахамите, на кој ќе изградат луксузно летувалиште.
Памела Андерсон: Нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли наводно и купил остров во близина на Дубаи во 2007, во обид повторно да ја освои.
Леонардо Ди Каприо: Поседува остров од 104 хектари во близина на Белизе, на кој гради луксузно еколошко одмаралиште, кое ќе биде отворено во 2018.
Мел Гибсон: Глумецот во 2005 купи вулкански остров на Фиџи.
Џон Ленон: Купил Ирски остров кој сосема предвидливо го крстил Остров на Битлси. По смртта на пејачот, го продаде неговата сопруга Јоко Оно
Тајлер Пери: Глумецот во 2009 купи остров на Бахамите како би си го прославив 40-от роденден и да научи да управува со својот приватен авион.
Рики Мартин: Пејачот наводно платил 8 милиони долари за остров на Бразилскиот брег во 2009 година.
Дејвид Коперфилд: Познатиот илузионист поседува дури 11 острови на Бахамите, како и одмаралиште кое го изнајмува на постатие гости, вклучувајќи ги Опра Винфри и Бил Гејтс.
Ричард Бренсон: Основач и директор на компанијата Вирџин Груп, го изнајмува островот Некер за 62 илјади долари дневно. Негов сопственик е од 1978 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








