Зошто мажите се опседнати со женските задници?

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Тексас, Остин, фрла ново светло на денешните стандарди за убавина, припишувајќи наклонетост на модерните мажи кон заоблените женски задници.
Мажите ги привлекува женската позадина од иста причина како и градите, колковите и тенкиот струк, а тоа е поради тоа што тие карактеристики биле индикатори на плодност кај нашите далечни предци.
- Мажот еволуирал да бара жена со која може да има потомство. Ако жената има поголем задник, тоа е знак за „примитивниот“ мозок дека има доволно масти за да може да затрудни. Доколку женскиот здник е истакнат и заоблен, тоа значи дека веројатно е млада, што во времето на пештерските луѓе би ја направило идеална за идна трудница, појаснува психологот и коавтор на студијата, Дејвид Бас.
Меѓутоа, влијание на машкиот мозок имаат и културата и опкружувањето во кое израснал мажот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









