ВМРО-ДПМНЕ: Како што наближува 5-ти јуни се зголемува паниката кај СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ се огласија за СДСМ. Интегрален текст од партијата.
Очајот и паниката ја преземаат контролата во СДСМ. Како што наближуваат изборите на 5-ти јуни, очајничките потези на СДСМ ќе се зголемуваат.
Секому му е јасно дека на сила е спроведување на ново сценарио за спас на раководството на СДСМ со три цели: алиби за да ги одложи изборите, алиби за да избега од избори или алиби за да не ги признава резултатите од изборите.
За таа цел се вклучија сите погони од Фабриката за афери на Чаушот и СДСМ па од Бихаќка започнаа да фабрикуваат најапсурдни измислици и конструкции на кои им се смее и Даниела Рангелова од Брвеница и сите граѓани на Република Македонија.
СДСМ бесрамно лажеше дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова живеела во Брвеница и на нејзина адреса имало 127 фантомски гласачи.
СДСМ грубо излажа дека на адресата на која живее пратеникот Димитар Стевананџија се регистрирани 22 гласачи. Стевананџија појасни дека станува збор за станбена зграда стара 55 години со 2 влеза и 16 станови во кои живеат неговите соседи. Манипулацијата на медиумите финансирани од Сорос и СДСМ е во тоа што ги вадат сите лица кои живеат на адреса ул. „Борис Кидриќ“ бр 16, но не кажуваат за колку станови станува збор.
СДСМ грубо и бесрамно излажа и дека пратеникот Павле Саздов поседува куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Саздов јавно соопшти дека куќа и стан во Република македонија не поседува, а на адресата на која што живее се регистрирани само тој и неговата сопруга што може да се види со обична проверка на избирачкиот список.
Толку од аферите на СДСМ. Толку од фантомските гласачи на СДСМ.
Откако не успеаја овие измислици, медиумите под контрола на СДСМ започнаа да се повикуваат на јавувања од анонимни граѓани кои виделе фантомски гласачи во своите домови.
Апсурдни и трагикомични се ваквите сценарија на СДСМ за спас на раководството на партијата. Нема да им пројдат. Граѓаните ќе дојдат по своето.
За СДСМ фантомски се сите граѓани кои не гласаат за нивната деструкција и кои ги читаат лесно проѕирните манипулации од фабриките за афери на СДСМ. СДСМ сака да не постојат граѓаните кои не веруваат на бедните манипулации од СДСМ. СДСМ граѓаните кои не им ја даваат довербата на избори ги нарекуваат „стока, стадо овци и маса народ која не мисли“.
Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10, ниту 100, ниту 1000 или 10 000 гласа. Разликата е 200 000 гласа. 200.000 живи луѓе. СДСМ знае. Затоа се плаши и бега од избори.
На граѓаните им е совршено јасно дека СДСМ губи само поради себе, поради политиката на деструкција и манипулација со која сака да ја покрие безидејноста и мрзеливоста.
СДСМ сака со фабрикување скандали да дојде на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните.
Ваквите обиди за манипулирање на СДСМ наидуваат на потсмев во јавноста. Граѓаните на 5-ти јуни на фантомските предводници на ваквиот катастрофален СДСМ ќе им го покажат патот надвор од политиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа