Толку од идилата: Северина бесна на сопругот - „урлала" среде улица

Изгледа не е се така совршено во рајот кој го носи името Којиќ. Северина која неодамна се омажи за помладиот Игор, збесна бидејќи тој и се меша во менаџерството за нејзините настапи и нејзината кариера.
Иако Северина за своите професионални планови со години има човек од доверба, нејзиниот пријател и соработник Томислав Петровиќ, малиот Кеба ги вмеша прстите таму каде што не треба.
- Инцидентот се случи порадикартичката на Северина која е на нејзино име. Проблемите почнаа во Хрватска. Таа сакаше да купи вреден поклон за својата пријателка, но сфати дека на картичката нема пари. Почна да хистеризира кога излегоа, почна да го напаѓа Игор што и се меша во парите и кариерата. Викаше дека бендот и кажал дека почнал да се меша во менаџирањето, и дека сака да го превземе местото на нејзиниот долгогодишен пријател. Му порача дека малку се занел во намерата и дека тоа нема да му го дозволи, вели извор за српскиот АЛО.
Со оглед на тоа дека Игор со години е фудбалски менаџер откако ја прекина кариерата, ваква занимација добро би му дошло. Изворот вели дека ова е првата голема кавга на Игор и Северина и дека пејачката е многу бесна на него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









