Нема докази дека солта е штетна за здравјето

Група научници од Универзитетот „Колумбија“ тврди дека засега не постојат цврсти докази дека солта е штетна за здравјето, ниту дека нејзиното избегнување ќе резултира со подолг живот.
Денес на луѓето им се советува контолирано внесување сол во организмот, а во Њујорк рестораните се обврзани јасно да го означат присуството на сол во храната.
– Не пронајдовме јасни знаци дека намаленото внесување сол го намалува ризикот од инфаркт и мозочен удар кај луѓето со нормален крвен притисок – изјавил Лудовик Тринкварт, еден од авторите на најновиот извештај.
08.03.2016 - 17:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









