Што сакаат жените за 8-ми Март?

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.
Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март е прогласен за државен празник.
Шест од десет мајки и баби се надеваат дека децата ќе им приготват нешто поразлично од традиционалните подароци со кои се навикнати.
Една четвртина од нив би сакале да им понудат ново хоби.
Една третина од мајките сакаат подарокот да е поврзан со нивниот интерес, а три четвртини „сакаат да научат нови работи и да имаат нови предизвици“, па сонуваат за нешто трајно и инспиративно.
Секој трети анкетиран признал дека купува чоколади или цвеќе, а повеќе од половина признаваат дека се прашуваат каков подарок да купат, а 20 проценти не купуваат ништо.
Само 43- проценти од мажите на своите мајки или сопруги се трудат да им подарат нешто различно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








