Бараат работа, ама никој не сака ова да го работи

Српските произведувачи на малини мака мачат со изнајмување на сезонски работници за берба на ова овошје, а нудат дневници во просек до 2000 динари. На повеќето работници им е обезбеден стан и храна, но ни тоа не е мотивација за работа на 40 степени целзиусови.
-Неколку денови баравме работници , по пат на огласи, но ни се јави само едно момче и ништо не се договоривме. Тогаш одлучивме по пат на познаници и пријатели се обидуваме да најдеме кој сака да бере малини , објаснува Анкица Жариќ од Иваница за српски Блиц.
Таа вели дека секоја години добро се плаќаат работниците, и нормално дека берачите прават паузи кога сонцето е силно
-И минатата година дававме добро дневници, од 2000 динари па нагоре. Единствено успеавме да најдеме неколку берачи и им дадовме можност да бираат, сакаат за дневница или од процент, на килограм наберени малини 35-40 динари. Секако дека сите работници користат паузи кога сонцето е силно, имаат освежување и се што е потребно. Храната и станот се обезбедени, вели Анкица
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









