Родители научија лекција од деца- ова видео ги расплака сите мајки и татковци

Да може да излезете на вечера со кого било во светот, кого би одбрале? Одговорите на младите деца на ова прашање ќе го допрат вашето срце.
Возрасните на ова прашање даваат разни одговори: Кајли Миног, Џастин Бибер, Џими Хендрикс… Имаше разни одговори, но повеќето возрасни на вечера би сакале да излезат со некои славни личности.
Сепак кога истото ова прашање им било поставено на нивните деца, родителите останаа без текст и очи полни со солзи.
Најголем број деца одговориле дека на вечера би сакале да одат со мајката и таткото, односно со семејството.
Ова видео настана по спроведување на една студија, која покажа дека Австралијанците не поминуваат доволно време со семејството.
Пораката на видеото е: Најдете време за луѓето кои ви се важни!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









