Ременски остави без работа 44 лица

 

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, ги реализира ветувањата на партискиот лидер Зоран Заев  дека “од хигеничари до министер ќе се бркаат од работа ако СДСМ дојде до власт ” и “ дека живи луѓе ќе јадат”, пишува Курир

Со нејзина одлука  44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Tоа се 44 семејства повеќето oд ромска националност кои егзистираа од нивниот ангажман како хигиеничари повеќе од 6 месеци изминатиот период во Прифатниот центар за мигранти. Техничката министерка го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица односно  наместо досега ангажираните хигиеничари од сега ангажира заслужни активисти- членови на СДСМ.

Фросина Ременски доследно се придржува на ветувањата дадени од Зоран Заев уште во декември 2010 до партиското членство дека дека доколку сакаат да бидат власт ќе влезат тимски од “хигиеничар” до “министер” во секој ресор во државата.

По наредба на техничката министерка се бркаат  44 вработени-хигиеничари без никакво образложение во Прифатниот центар за мигранти кај Гевгелија и на нивно место вработува 36 членови на СДСМ  кои ќе ги плаќа министерството за труд и социјална политика. Постои голем револт кај Ромите кои се избркани од работа и најавуваат протести во наредниот период и блокирање на Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија при што, како што ни изјавија, ќе направат целосен застој во Прифатниот центар и ќе спречат да се одржува хигиената во центарот како и да влегуваат и излегуваат лица од него.

Ова се дел од активистите од ОО СДСМ Гевгелија за кои дојдовме до податоци,  а кои Ременски ги згрижува:

Ристо Пеев, активист на СДСМ на трибината во Гевгелија со Радмила Шекеринска. Ристо Пеев, активист на СДСМ на трибината во Гевгелија со Радмила Шекеринска.

 

 

Горан Стојанов, неговата пристрасност кон СДСМ ја покажува и на неговиот FB личен профил. Горан Стојанов, неговата пристрасност кон СДСМ ја покажува и на неговиот FB личен профил.

 

natasaНаташа Оревцалиева  активист на СДСМ

 

Благоја Пакетовм  активист на СДСМ Благоја Пакетовм  активист на СДСМ

 

Сопругот на  Вили Мамкова е активист на СДСМ, Тони Мамков. Сопругот на  Вили Мамкова е активист на СДСМ, Тони Мамков.

 

 

ana-velkovskaАна Велковска активист на СДСМ.

 

Михајло Атанасов фотографиран во ОО СДСМ Гевгелија Михајло Атанасов фотографиран во ОО СДСМ Гевгелија

 

Тасев Венци член на СДСМ. Тасев Венци член на СДСМ.

 

 

 

 

 

 

risto-kРисто Каркалашев  е истакнат активист на СДСМ.

 

 

Илија Танев активист член на СДСМ. Илија Танев активист член на СДСМ.

Ова е доволен доказ за однесувањето на функционерите на СДСМ во време кога извршуваат министерски функции на техничко ниво. Може да се претпостави само како би се однесувале да се реална власт во државата. Незаконско разрешување на директори, непочитување на судски одлуки, преместувања и отпуштања се секојдневие во министерството за труд и социјална политика. Тоа е концептот кој Заев го најави пред пет години на кастрење на администрацијата кое ќе значи, како што кажа, “отворање на работни места за нивните луѓе”.

 Извор: Курир

 
 
05.03.2016 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега