Чоколадото ја подобрува функцијата на мозокот

Истражување спроведено во Австралија сугерира дека честото консумирање на чоколадото е поврзано со подобрување на функцијата на мозокот, пренесуваат медиумите.
Лицата кои често консумираат чоколадо постигнуваат подобри резултати на тестовите поврзани со визуелно и просторно паметење, имаат способност за организација и апстрактно размислување, покажало истражувањето на научниците од Универзитетот во Јужна Австралија.
Според зборовите на истражувачите, чоколадото содржи антиоксиданси кои позитивно влијаат на функцијата на мозокот и на здравјето на срцето.
03.03.2016 - 21:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








