ВО МАКЕДОНИЈА ОВА ВАЖИ ЗА ЈАДЕЊЕ ЗА СИРОМАШНИ – А ВО ХОЛИВУД ГО ЈАДАТ СИТЕ

 

Потребни состојки:

● 2 кг говедски коски со месо

● 1 кг останати видови на коски

● 2 струкчиња праз, крупно насецкани

● 2 моркови, крупно насецкани

● 2 стебленца целер

● магдонос

● мајчина душица

● 2 чешниња изгмечен лук

● 1 лажица бибер во зрно

● сол 

● масло

Подготовка:

Коските исперете ги добро и прелијте ги со ладна вода. Варете два часа на тивок оган без мешање. Потоа додадете ги сите останати состојки и варете уште два часа на тивок оган. Кога супата малку ќе се излади, процедете и користете по потреба.

Супата може да ја јадете пред оброците, може да го замени вашиот оброк, а може и да ја пиете наутро ладна, од поголема шолја.

 

Извор: Кармин

 

 
 
02.03.2016 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега