Не се шегувајте со грипот - еве што може да им направи на белите дробови

Од почетокот на овогодишниот сезонски грип, тој на Балканот однесе неколку животи. Епидемиолозите предупредуваат дека со грипот се уште не сме завршиле, туку секој ден расте во поголем број, со оглед на температурите кои се очекуваат во март декаќе се бориме со грипот до крајот на месецот.
- Грипот е сериозно заболување во смисла што може да доведе до компликација и да предизвика бронхитис, велат докторите.
Исто така додаваат дека кога личноста ќе почуствува отежнато дишење и плитко дишење тоа значи дека белите дробови се полни и доаѓа до вирусна пнеумонија. Воспаление на белите дробови не може да се игнорира бидејќи воспалени бели дробови може и да влијае на крвниотваскуларен систем.Затоа докторите предупредуваат дека грипот треба да се сфати сериозно и треба да се одлежи неколку дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








