Ваков февруари немало во изминативе 28 години - еве зошто

Февруари оваа година има 29 денови, а почнува и завршува во понеделник. Тоа значи дека во оваа престапна година ќе има дури 5 понеделници.
Последен пат ваков календар, со исти денови и датуми имало во 1988 година, а следниот е дури за 28 години, во 2044.
За суеверните и за оние кои се плашат од „баксузните“ престапни години, 5-те понеделници можеби има некаква симболика, но за астрономите и астрофизичарите тоа е работа на календарот и чиста математика.
Во исти ден паѓаат први, осми, 15, 22, и 29. ден во месецот. Тоа е едноставна математичка правилност, бидејќи неделата има седум дена. Оваа година е престапна, па февруари има 29 дена, и бидејќи први е во понеделник, неминовно е тој ден да биде и 29.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









