Неколку животни мудрости од Умберто Еко

Писателот и филозоф, Умберто Еко, почина пред неколку недели на 84 годишна возраст.
Тој пишуваше филозофска содржина претежно, полна со животни мудрости, кој претставува еден од најдобрите писатели и филозофи на денешнината. Овие мисли ви ги објавуваме во чест на неговиот животен труд, кои се надеваме дека ќе ви помогнат:
– Целата светска култура сака само едно, бесконечноста да ја направи реална.
– Светот е монотон, историјата не ги учи луѓето на ништо и во секое поколение живеат истите стравови, истите страсти. Настаните не се повторуваат, но еден настан потсетува на друг.
– Лудите и децата секогаш ја зборуваат вистината.
– Понекогаш е доволно да произнесеш неколку бесмислени зборови, за да влезеш во историјата.
– Науката се уште многу малку е информирана за процесот на стареење, па јас не ја исклучувам можноста, смртта да е само последица на неправилно воспитување.
– Книгите се пишуваат не за да веруваш во нив, туку да размислиш за нив.
– Луѓето цела недела чекаат да дојде петок, цела година, да дојде лето и цел живот да бидат среќни.
– Колку мирен би бил животот без љубов! Колку безбеден, безбурен и колку досаден!
– Ништо во светот не го ограбува и не го оковува срцето како што тоа го прави љубовта. И затоа, ако немаш во душата оружје што ќе ја скроти љубовта – таа душа е беспомошна и за неа нема никакво спасение.
– Културата, не војната, го зацврстува европскиот идентитет.
– Ако немам што да кажам, не пишувам.
– Туѓата глупост никогаш не ја намалува твојата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









