Три производи штo ги чистат белите дробови

 

Ѓумбирот е древен зачин што уште од дамнешни времиња се користи поради неговите лековити својства. Меѓу останатото помага и во елиминирање на вишокот слузница во белите дробови.

Кромидот и лукот имаат антиканцерогени својства, а се одлични борци и против голем број други малигни состојби. Посебно се делотворни во спречување на разните болести на дишните патишта.

Куркумата или индискиот шафран е полн со витамини и минерали, а содржи и здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства, па затоа треба секојдневната исхрана да ја збогатите со овие зачини.

За овој чудотворен пијалак што ги чисти белите дробови ќе ви биде потребно:

1 литар вода

400 грама кромид

400 грама шеќер (ако сакате поздрава варијанта користете мед или јаворов сируп)

2 лажици куркума

Корен од ѓумбир со големина на еден палец.

  1. Во водата додадете го шеќерот, ставете ја на рингла и оставете да проврие;
  2. Кромидот исечете го на четвртини, исечкајте го коренот од ѓумбир и додадете ги во водата со шеќер. Кога смесата повторно ќе проврие додадете куркума и намалете го огнот на потивко.
  3. Смесата треба да се вари се додека количината од вода не се намали за половина. Потоа процедете ја и ставете ја во тегла. Кога целосно ќе се олади ставете ја во фрижидер и чувајте ја таму цело време.
  4. Земајте две лажици од овој еликсир наутро на празен стомак и навечер два часа по оброкот.
 
 
29.02.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега