Шпанска сапуница и швалерај на естрадата: Ова се најголемите скандали
Кога Брет Пит ја остави Џенифер Анистон за својата колешка, холивудската убавица Анџелина Џоли, новинарите ширум светот не се грижеа за теми бидејќи знаеја дека за тоа долго ќе се пишува. Освен што ги следиме скандалите во светот, како и кај нас, скандалите од регионот се вистинска шпанска серија. Голема љубов, бурни врски, разводи, солзи, караници, на сцената имало се и сешто. Ова се дел од највпечатливите парови кои ставија крај на љубовта на скандалозен начин.

СЕВЕРИНА И МИЛАН
Северина и Милан Поповиќ, кралот на бакарот, заедно го имаат своето синче Александар. По љубовта за која многу се пишуваше во медиумите, Северина си се омажи за 15-години помладиот избраник, Игор Којиќ, инаку син на нејзиниот колега Кеба, а воената секира со Милан никако да ја закопа. Како што пишуваат медиумите, тие водат спор околу старателството на детето, таа не му дава да го гледа синот, а тој ја обвинува дека не е добра мајка.

ЗОРИЦА БРУНЦЛИК, ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ и КЕМИШ
На српската сцена, како и на хрватската има голем љубовни триаголници. Најголем впечаток остави крајот на љубовта на Кемиш и Весна Змијанац, откако Зорица Брунцлик и го зеде од рака. И покрај болката која и ја нанесе, Зорица која сеуште е во среќен брак со Кемиш, ја покани Весна на нејзиниот јубилеен концерт, а таа пееше со неа на сцената.

ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ И ЈОВАНА
Шармерот на српската сцена, Жељко Јоксимови, зад себе има еден неуспешен брак со својата сопруга Весна, кој беше склучен во 1995 година. Од тој брак ја има ќерката Мина, а од тогаш, имаше многу девојки со кои се појавуваше во јавноста, меѓу кои и Леонтина која ја гледаме во Пинковите Ѕвездички. Нивната љубов ја опишуваат како бурна, имало премногу љубов, но и премногу кавги меѓу двајцата. Потоа, Жељко беше во друга врска која ја остави зад себе поради неговата денешна сопруга Јована Јанковиќ. И таа во периодот кога го запозна беше во долгогодишна врска и планираше да се мажи, но Жељко и ги промени плановите.

АЦА ЛУКАС И СОЊА
Дефинитивно врска за која најмногу се крена прашина беше онаа на Аца Лукас и неговата сопруга Соња, со која е сеуште заедно. Најчудното во оваа приказна е тоа што таа беше сопруга на неговиот колега и најдобар пријател, Жељко Шашиќ. Секако, откако се обелодени веста дека двајцата се заедно настана скандал, но тие беа истрајни, па љубовта уште им цвета.

НАТАША БЕКВАЛАЦ
Убавата Беквалац нема среќа во љубовта. По бракот со Данило кој ја изневери, плачеше јавно, а потоа започна врска со Влада Вуксановиќ. Идилата се заокружи исо веренички прстен, но ништо од тоа. Сега Наташа си ја проба повторно среќата и е во брак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









