Ана ќе му го земе имотот: Брачните другари на суд

Водителот Владимир Станојевиќ пред скоро година ја претепа својата поранешна свршеница Ана Марија Жујовиќ и сега добил пресуда во која се вели дека е виновен. Затоа треба да плати 7.250 евра со законска камата на име на нематеријална штета, претрпен страв и душевна болка поради смалените животни активности.
На Станојевиќ пресудата ќе му биде врачена по излегувањето од шоуто „Фарма“ бидејќи е донесена додека тој е во реалното шоу. Влада има право на жалба по добивањето на пресудата.
Доколку не ги исплати парите ќе бидат превземени санкции, а бидејќи Ана е свесна дека тој нема толку пари можно е да следува принудна наплата, одземање на имот или одземање на дел од заработката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








