Тој навистина е неговиот најдобар другар - кучето не го остава детето ни на операција само (ФОТО)

9 годишниот Џејмс Ајзак има многу тежок живот со толку малку години. Тој е аутистичен, а подложен е и на силни напади кои тешко се лечат
Неодамна Џејмс мораше повторно да оди на магнетна резонанца како би се добила дијагноза за неговата болест и како и секој 9 годишник, бил исплашен.

За среќа, тој го имаше своето куче Мејх, кое цело време беше со него.
Мејх е црн лабрадор, кој е донесен во фамилија за да го чува детето. Работата на Мејх е Џејмс да се чувствува сигурно и смирено со него, дури и кога поминува низ медицинските третмани. Фамилијата на Џејмс направи неколку фотографии од Мејх во болница, а сликите се толку убави што може и да ве расплачат.

Мејх одбива да го напушти својот другар, дури и со него лежи во болничкиот кревет.




Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









