Свети Георгиј Кратовски: Денеска ова никако немојте да го правите

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 февруари.
Денеска е Св. новомаченик Георгиј Кратовски.
Во Црквата нови маченици се нарекуваат мачениците од послевизантиското време, главно од времето на турското ропство. Свети Георгиј пострада во тоа време, од Турците, заради исповедање на Христос. Потекнуваше од Кратово и го имаше изучено занаетот на златарите. Како паметно, убаво и добростоечко момче, локалните Турци сакаа да го обратат во исламот, па беше принуден да побегне во Софија. Но и тука го пресретна истата состојба. По навалувањето да го прими исламот, тој беше ставен на маки и убиен. Ова ново светило на македонската земја пострада во 1515 година.
Свети Ѓорѓи Кратовски
Запален затоа што си ја сакал верата
Свети Ѓорѓи Кратовски е заштитник на градот Кратово, со силен култ не само во Кратовско туку и на многу поширок простор.
На овој ден жените не смееат да перат алишта, да чистат низ дома, а мажите не смееат да извршуваат тешки работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








