Пандов: По изборите Заев го чека долгорочна затворска казна
Пораз на изборите ќе значи дека опозицискиот лидер Зоран Заев ќе мора да се соочи со законот и да одговара за криминалот, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Според него, тоа е една од причините поради кои Заев бега од изборите и бара нивно одложување на недоглед.
„Тој човек е докажан криминалец, има доста криминални дејанија во изминатиов период, доста кривични пријави против него и се додека е претседател на СДСМ тој се чувствува комотно да се однесува онака како што се однесува. После изборите сигурен сум дека и во СДСМ има доволно демократски луѓе кои што ќе го натераат да се повлече од функцијата а во таква ситуација тој ќе мора да се соочи со сите кривични обвиненија кој го теретат и кои што му гарантираат долгорочна затворска казна“ – вели политичкиот аналитичар Александар Пандов
Според Пандов, СДСМ само во услови на криза може да го заштити својот лидер од законот, а бидејќи во партијата се свесни како стои нивниот рејтинг меѓу граѓаните, прават се, изборите да не се одржат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа