Повеќето луѓе погрешно го дуваат носот: Лекарите предупредуваат дека така правите уште повеќе штета

Време е на настинки, а со самото тоа се појавува и кивање, болка во грлото и затнат нос. Но пред да се фатите за марамчињата за да го исчистите носот, експертите предупредуваат дека можеби правите повеќе штета отколку корист, пишува The Sun.
Според нив, повеќето го дуваат носот сосема погрешно.
- Иако ви се чини како логично решение, претераното дување на носот нема да ве ослободи од симптомите - објасни оториноларингологот Џејн Ленард.
Додала дека кога ви е затнат носот, тоа не е само поради насобраната слуз, туку и поради отеченоста и воспалението на дишните патишта.
- Пресилното дување на носот ја иритира внатрешноста на носот и може да ја оштети слузницата на синусот, рече таа.
Затоа, наместо нагло дување, лекарите препорачуваат благо издувување на една по една ноздра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









