Ова е лекот за невозвратена љубов!

Често се случува да се заљубите во некого кој вас не ви е достапен на било кој начин. Без оглед дали тој веќе има партнер или едноставно не сака да биде со вас, невозвратената љубов може да бие многу болна. меѓутоа, и за тоа постои лек. 

Еве како да преболите некого кој не сака да биде со вас во врска. 

Невозрвратената љубов е некоја врста меѓу инстиктивно и логичен дел од мозокот. Тоа значи дека дословно морате да се одречете од таа личност и од своите чуства кон неа. 

Најболен начин е да го прекинете секаквиот контакт со таа личност бидејќи само може да ги влоши работите и да го отежне процесот на заборавање на личноста која сакате да ја преболите. 

Доколку сте склони на фантазија за личноста во која сте заљубени, односно за тоа како ви изгледала вашата врска ако сте заедно со фантазиите морате да прекинете веднаш. Доколку пак се случи, само сетете се дека и тој има мани како и секоја друга личност, па кога ќе почнете да фантазирате за енго вие сетете се на неговите недостатоци или нешто што вас ве нервира кај него и сигурно ќе ви биде полесно. 

Ако се случи некој вас да ве одбие во љубовта сетете се дека тоа не е крај на светот и дека животот е полн со  предизвици. Наместо да патите, правете ги работите кои ги сакате, вежбајте, излгувајте со пријателките бидејќи тие работи ќе ви помогнат да ја заборавите личноста која не можете да ја имате. 

 
 
21.02.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега