ВИДЕО: Погледнете како да подговтвите колач кој нема да ви смета во диетата

 

Една од најлошите работи кога сте на диета е тоа што целосно се откажувате од благото. Наместо тоа треба да јадете овошје, здрави маснотии и протеини.

Рецептата за колач кој можете да го направите од сите дозволени состојки стана вистински хит на интернетот. Овој колач има совршена комбинација на благ и кисел вкус  поради малините кои се додаваат, а по желба малините можете да ги замените  со јагоди, вишна, боровинки  или било кое овошје кое го имате при рака.

Потребни состојки: 2 презреани банани, 4 јајца, малини, јагоди или некое друго овошје по избор.

Подготовка: Бананите згмечете ги со виљушка, а јајцата изматете ги и измешајте ги со бананите. Тоа е целото тесто. Калапите за мафини малку премачкајте ги,  па у секој додадете неколку малини. Потоа врз нив  налејте го „тестото“ и печете на 190 степени околу 12 минути.

 
 
19.02.2016 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега