Се сеќавате ли на Раде и Рада од Големиот Брат? - ќе се згрозите од ова сведоштво

 

Сигурно се сеќавате на Раде и Рада од Големиот Брат, парот кој заедно со своите синови го смееше Балканот. Сепак, според ова сведоштво, тие не се толку позитивни и добродушни, како што се претставуваа.

Нивната несудена невеста, 23-годишната Елена Селимовиќ, која две години била во врска со нивниот најстар син, вели дека тие од 10.000 евра кои ги заработиле додека биле во шоуто не и дале ни денар за лечењето на нејзиното синче. Таа од поранешниот брак го има синот Лука, кој боледува.

- Рада уште тогаш ми пререкуваше што давам пари за лечење, Нивниот син Миле ме удри толку што паднав од стол. Раде само седеше, се смееше и пиеше кафе додека се случуваше тоа. Одеднаш и Рада ме нападна, вели Елена.

Излегла плачејќи од нивниот стан, а кавгата почнала бидејќи зборувале за Дарко кој дел од парите од победата даде за болно детенце.

Рада според нејзините зборови рекла дека ако победела немало да ги даде парите за тоа, бидејчи тоа се залудно потрошени пари.

 

 
 
19.02.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега