ФОТО: Оваа улица крие потрагична приказна од Ромео и Јулија

Шармантниот град во Мексико кој го носи името "Guanajuato" има многу туристички понуди, а во себе крие голема љубовна приказна, потрагична и од онаа на Ромео и Јулија. Улицата позната како Улица на бакнежите која се наоѓа во ова градче, е надалеку позната. Таа е толку тесна што прозорците на жителите гледаат еден во друг. Секојдневно ја посетуваат илјадници туристи кои се бакнуваат тука.

Според легендата, паровите кои се бакнуваат тука ќе имаат среќа. Настанала од трагичната љубовна приказна на Дона кармен, ќерка на богат Шпанец, и нејзиниот љубовник Луис кој бил од работничко сиромашно семејство. Кога таткото открил дека се заедно, ја прободел ќерка си со нож и ја усмртил, а момчето притрчувајќи да ја спаси, паднало од балкон и го скршило вратот, по што починало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








